Алексеј Миранчук се збогува со навивачите на Локомотив Москва, откако клубот објави дека ги договориле условите за трансфер во Аталанта. Тој во моментов е надвор од терените поради повреда на бутот, па не играше во натпреварот против Зенит попладнево.
Сепак, тој беше во подтрибинскиот простор каде што домашните приврзаници беа собрани по последниот судиски свиреж, да се збогуваат со него. Според постигнатиот договор со Аталанта, Миранчук се сели во Италија за 14,5 милиони евра, плус процент од неговата продажба.
Креативниот играч од средниот ред има пет гола на 25 настапи за Локомотив во Русија.