Голманот, Никола Митревски, имаше неверојатни одбрани во првиот дел на мечот со Шпанија со што им даде дополнителен мотив на соиграчите да прават притисок врз фаворизираниот противник. На крајот, сепак фаворитот ги освои бодовите.
„Почнавме одлично, игравме добро и напад и одбрана, но како одминуваше времето почнавме да промашуваме и да правиме грешки. Во второто полувреме започнавме да играме катастрофално и така продолживме“ – вели Митревски.
„Треба да учиме од грешките и да одиграме многу подобро на мечот со Исланд. „Треба да бидеме паметни и трпеливи и да ги сведеме грешките на минимум“ – изјави нашиот голман кој мечот го заврши со 15 одбрани.