Дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт сака да го напушти клубот и да се пресели во Реал Мадрид. Слични гласини кружеа и во шпанското издание на „АБЦ“ како и во уште неколку другите медиуми во земјата.
Весникот пренесува дека Холанѓанецот му наложил на неговиот агент, Мино Рајола, да му најде нов тим и по можност тоа да биде екипата од „Сантијаго Бернабе“. Во исто време, Реал Мадрид дефинитивно треба да работи на засилување на одбраната бидејќи главниот стопер, Серхио Рамос, има 34 години и полека се ближи кон крајот на кариерата.
Јувентус веројатно нема да сака лесно да се раздели со 20-ет годишниот дефанзивец за кого му платија на Ајакс големи 85 милиони евра.