Македонската кошаркарска репрезентација за играчи „до 18“ години вечерва го стартува настапот на ЕП од дивизијата Б во Матошинос, со дуелот против репрезентацијата на Велика Британија.
Нашиот репрезентативец Андреј Шошкиќ во пресрет на првиот натпревар смета дека и оваа генерација на кошаркари може да го повтори успехот на младинците, кои пред неколку дена успеаја да обезбедат пласман во елитата.
„Зошто да не, мислам дека можеме да го повториме успехот кој го направивме со младинската селекција. Имаме хемија која треба да нè донесе до добар резултат на првенството во Португалија. Навистина добро се познаваме, добро функционираме како тим, што е исклучително важно, имаме хемија која треба да нè донесе до добар резултат на првенството во Португалија“, вели Шошкиќ.
Дуелот со В. Британија вечерва стартува од 19 часот.