Денеска и официјално стартува Европското првенство Дивизија „Б“ за кошаркарки „Под 20“ години каде во улога на организатор ја има Скопје и КФСМ.
Вкупно 18. селекции, во девет натпреварувачки дена (9-17. јули), ќе се обидат да дојдат до што подобри позиции на шампионатот, а најдобрите три да обезбедат промоција во „А“ сегментот од оваа младинска женска конкуренција.
Нашите девојки се дел од групата „Ц“ во која се уште и националните тимови на Хрватска, Црна Гора, Косово и Романија. Натпреварите на ова првенство нашиот женски младински состав (кошаркарки родени 2002 година и помлади) ќе ги играат во салата на СРЦ „Кале“.
Сите четири средби според распоредот, ќе ги играме од 18.45 часот. Стартуваме денеска против Косово.