Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година денеска против моќната селекција на Франција ќе го одигра мечот од 6. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2023 во Романија и Грузија. Дуелот ќе се одигра на Националната Арена во Скопје со почеток од 18.30 часот.
Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Драги Канатларовски со нетрпение го очекува денешниот натпревар и вели дека сите негови фудбалери се максимално подготвени и со нетрпение го очекуваат утрешниот мечот против триколорите.
„Франција е апсолутен фаворит во оваа група, силна репрезентација која располага со голем фонд на играчи кои имаат голем потенцијал и настапуваат во најсилните лиги низ Европа. Првиот натпревар против нив таму го загубивме убедливо со 3:0, но на претходните четири натпревари успеавме да останеме непоразени. Се надеваме дека серијата без пораз ќе ја продолжиме и против Франција. Играме на домашен терен, пред домашна публика, сите со нетрпение го очекуваме овој натпревар. Момците имаат голема желба, подготвени сме и физички и психички за голема борба во сите 90. минути. Одработивме одлични подготовки, напредуваме од меч во меч, а тоа се виде и на дуелот со незгодната селекција на Украина. Оваа репрезентација е подготвена да се надигрува и натпреварува со секоја селекција.“