Играчот на европскиот првак Реал Мадрид, Лука Модриќ, ја освои наградата – „Златна топка“ која традиоционално ја доделува – „Франс фудбал“.
Хрватот со тоа ја прекина доминацијата на Меси и Роналдо и успеа да стане првиот фудбалер од Балканот кој го подигнал значајното признание. На гала-свеченоста во Париз, 23-годишна Ада Хегерберг ја освои наградата која годинава премиерно се додели кај дамите. Норвежанката која ги браните на Лион, успеа со францускиот тим да ја освои Лигата на шампионите.
Фудбалерот на ПСЖ и на селекцијата на Франција, Килијан Мбапе, е прогласен за најдобар фудбалер до 21 година. Младиот играч кој целиот раскошен талент го покажува во континуитете, ќе биде запишан во историјата како прв добитник на награда која се доделува премиерно.