Играчот од средниот ред на Реал Мадрид Лука Модриќ има намера да го продолжи договорот со клубот, пишува весникот „АС“.
Актуелниот договор на 33 годишниот хрватски интернационалец со клубот од „Сантијаго Бернабеу“ е до 30 јуни 2020 година. Во текот на изминатото лето 2018. Модриќ беше многу близу до напуштање на Реал Мадрид. Се пишуваше дека Интер е заинтересиран за него, но до договорот не се дојде.
Модриќ беше донесен во Реал Мадрид во 2012 година. Во кралски клуб тој стана шампион на Шпанија, а исто така четири пати ја освои Лигата на шампионите. Во текот на оваа сезона Лука Модрич има одиграно 30 натпревари за Реал Мадрид, во кој има постигнаа 3 гола имаше и 4 асистенции.