Напаѓачот на Евертон, Моис Кин, кариерата ќе ја продолжи во францускиот шампионат и тоа во дресот на шампионот, ПСЖ.
Според извори од клубот, ПСЖ се договорил за закуп на 20-годишниот фудбалер. Времетраењето и деталите за договорот за закуп не се соопштени.
Кин влезе во составот на Јувентус во 2011 година, а дебитираше за првиот тим во 2017 година. Италијанскиот напаѓач постигна 8 голови на 21 натпревар. Во 2019 година, фудбалерот се пресели во Евертон за 27,5 милиони евра. Во сезоната 2019/2020, тој одигра 33 средби, постигна два гола и имаше две асистенции.