Раководството на Монако е на пат да направи исклучително чудна рокада на тренерската позиција и да го врати тренерот кој го „избрка“ пред само неколку месеци. Управат ана тимот од кнежевството е решена да се збогува со сегашниот тренер Тиери Анри и да го врати поранешниот тренер на тимот Леонардо Жардим, кој беше отпуштен пред неколку недели и во моментов се уште е без работа.
Под раководство на легендарниот напаѓач, Монако не успеа да излезе од кризата, а ситуацијата на стадионот Луис II е трагикомична.