Атлетико (М) се уште не може да постигне договор со Челзи во врска со трансферот на напаѓачот Алваро Мората во зимскиот трансфер прозорец. Според „Дејли Меил“, шпанскиот клуб сака да го изнајми 26-годишен фудбалер само до крајот на оваа сезона, а Челзи пак во исто време се согласува само за продажба.
Претходно во медиумите беше објавено дека самиот Мората е подготвен да замине во Шпанија, дури и со намалување на платата. Мората во Челзи моментално имал плата во износ од 9 милиони евра.