Фудбалерот на Лестер, Вес Морган, го продолжи договорот со клубот за уште една година што значи дека ќе остане во редовите на „лисиците“ до летото во 2020 год. Дефанзивецот откако го парафираше новиот договор изјави, дека е многу среќен што ја добил довербата на челните луѓе.
„Заедно сме поминале многу успеси и падови. Среќен сум и горд. Во проектот на Лестер гледам светла иднина затоа се решив да го продолжам договорот“ – нагласи 35-годишниот поранешен репрезентативец на Јамајка.
Морган кој има одиграно 700-ни мечеви за екипата на Лестер цели седум години ја носи и капитенската лента. Тој во 2016 година ги одигра сите мечеви во Премиер лигата и успеа да се израдува на шампионската титула.