Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Тиаго Мота, пред денешниот меч со Штудгарт во Лигата на шампионите, вели дека нема голема разлика меѓу Серија „А“ и елитата на Европа, кога станува збор за мотивација кај неговите избраници.
„Старата дама“ во првите две кола во ЛШ забележа победи против РБ Лајпциг и ПСВ Ајндховен.
„Нема разлика помеѓу домашното првенство и Лигата на шампионите. Мораме да дадеме се од себе и да веруваме во нашите квалитети“ – вели Мота.