Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Тиаго Мота, по вчерашното реми со Парма во 8 коло во италијанскиот елитен шампионат, вели дека на неговиот тим му недостасува рамнотежа на теренот.
„Треба да играме поагресивно. Дозволивме Парма да создаде многу шанси преку контра-напади. Сакаме да го наметнеме нашиот стил“ – вели тренерот на „старата дама“.
„Направивме технички грешки а Парма само чекаше да не казни. Мораме да бидеме максимално активни во обидот да ја вратиме топката“ – нагласи Мота.