Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, кој го напушти кормилото по историскиот настап на Европското првенство, доцна синоќа по мечот со Исланд им честиташе на репрезентативците за големиот успех и пласманот во баражот за Мундијалот.
-Честитки за пласманот во бараж натпреварите за СП во Катар. Повторно ја направивте Македонија горда, секоја чест“ -напиша популарниот Мрме на социјалните мрежи.
Македонија сега ќе ја чека ждрепката на 26 ноември. Тогаш ќе ги дознаеме противниците во баражот.