Кошаркарскиот шампион на Македонија, МЗТ Скопје А. доби сериозно засилување пред почетокот на новата сезона. Денеска клубот и официјално потпиша нов спонзорски договор со компанијата МТЕЛ.
“Со компанија како МТЕЛ потврдуваме дека сме на добар пат и за нас претставува големо задоволство да се соработува со една ваква голема компанија но и обрврска да се оправда довербата”, изјави директорот на МЗТ Скопје, Филип Ѓорески.
Што се однесува до самиот договор тоа значи дека МТЕЛ ќе биде ексклузивен телеком партнер на МЗТ Скопје А. во сезоната 2023/24.
“Вистинско задоволство е што сум дел од оваа промоција на новиот партнер на МЗТ Скопје. Ова е поддршка ќе ни донесе нови победи на домашно и меѓународно ниво. МЗТ Скопје не е обичен клуб, тоа е емоција и љубов за сите ние кои живееме во Аеродром. Благодарност на МТел за подршката, ова е основа за долго партнерство. Благодарност до играчите и навивачите кои се основа за сите победи и успеси. И понатаму да се радуваме на нови успеси и радости“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски.