Фудбалерот на ПСЖ, Коло Муани, кој ја игра првата сезона во Франција откако беше купен од Ајнтрахт Франкфурт, вели дека се чувствувал посреќен во Германија и дека таму немал голем притисок.
„Во почетокот ме погодија критиките, бидејќи јас сум жив човек а не робот, имам чувства. Но, не сум тажен. Среќен сум што сум играч на ПСЖ“ – изјави Коло Муани кој има договор до 2028 година.
Тој во сезонава одигра 27 натпревари на сите турнири на кои постигна 11 голови и направи три асистенции.