Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го купи напаѓачот на Вест Хем, Марко Арнаутовиќ за сума од 50 милиони фунти овој јануари. „Црвените ѓаволи“ и понатаму се чувствуваат слаби и неефикасни во нападот и според англиските медиуми, Мурињо веќе го одредил Австриецот како приоритет во зимскиот трансфер прозорец.
29-годишниот напаѓач има 5 гола за “чеканите” од почетокот на сезоната, но со игрите го привлече интересот на големите клубови. Мурињо и Арнаутовиќ веќе имаат работено заедно во Интер во сезоната 2009/2010.