Жозе Мурињо како коментатор на вчерашниот дуел меѓу Ливерпул и Барселона, изјави дека тешко ќе најде зборови да објасни она што се случи на „Енфилд“. Ливерпул направи незамислив пресврт против еден од светските фудбалски гиганти.
„Четвртиот гол е сам по себе неверојатен. Таков гол не ако видите на натпревар на деца под 14 или 15 години, би си рекле дека тие не го разбираат фудбалот и треба да учат како се игра оваа игра. Зборуваме за најдобрите играчи во светот, и кога ќе примите таков гол, тоа покажува каква е вашата состојба на теренот“, вели Спацијалниот.
„Барселона ги има некои од најдобрите играчи во светот. Навистина ми е тешко да објаснам што им се случи”, рече тој.