Португалецот, Жозе Мурињо, кој деновиве доби отказ од кормилото на Рома, веројатно ќе замине на друг континент во Саудиска Арабија, најавија денеска дел од медиумите.
Наводно, „специјалниот“ ќе седне на клупата на тимот на Ал-Шабаб откако постигнал усмен договор со раководството.
Фудбалскиот стратег неколку пати потенцираше дека одбивал неверојатни понуди од Саудиска Арабија за да остане во Рим но, сега работите се променија.