Висар Муслиу е еден од столбовите во одбраната на Македонија, а тоа го покажа со своите игри на претходните натпревари, а посебно беше одличен на натпеварите со Италија и Португалија. Во пресред на натпреварот со Бугарија , Муслиу вели дека посакува победа и со три бода да се почнат настапите од новата сезона во Лигата на нации.
„Нормално е дека секој пат е потребно освежување на тимот. После она кое го минавме во месец март, сите ние очекуваме што е можно подобри резултати, тоа значи да бидеме први и да запишуваме победи во овој циклус на Лигата на нациите. Селекторот верува во нас и во нашите квалитети, тоа ни дава самодоверба. Ние тие работи мора да ги потврдиме на терен и ќе видиме на крајот што ќе биде. Ние сме докажале дека знаеме да победуваме со ривали како следните. Ги чекаме новите предизвици, желбата да се игра за репрезентација е поголема од одморот, концентрирани сме на тренинзите и на првиот меч со Бугарија“, изјави Муслиу.