Италијанските медиуми денеска објавија дека првите луѓе на Арсенал и на Рома се договориле околу трансферот на Шкодран Мустафи во редовите на „римската волчица“.
Тоа значи дека поранешниот фудбалски репрезентативец на Германија ќе настапува како позајмен играч една сезона во дресот на Рома. По доаѓањето на Давид Луиз во редовите на „топчиите“, Мустафи го загуби местото во тимот по што тренерот, Унаи Емери, дал зелено светло за негов трансфер.
Во исто време, „Газета дело спорт“ напиша дека Рома во наредното лето ќе може да му го откупи договоротна Мустафи за 25 милиони евра доколку челниците на тимот бидат задоволни од неговиот ефект.