Македонскиот кошаркарки шампион, МЗТ Скопје, ги престави првите две интернационални засилувања во пресрет на новата сезона.
Во клубот од Аеродром доаѓаат Хрватот роден во БиХ, Марко Баковиќ, кој најчесто игра на позицијата „четири“ и талентираниот српски центар, Душан Танасковиќ. Двајцата се добро познати на стручњаците од овие простори, имаат искуство со настап во јадранските натпреварувања и од нив се очекува да бидат вистински бедем под кошевите.
Баковиќ одигра 22 натпревари за Цибона во минатиот шампионат во АБА, меѓу кои и првиот од двата меѓусебни дуели против МЗТ, а во Скопје доаѓа по 13 средби во дресот на шпанскиот второлигаш Леида.
Танасковиќ, пак, потекнува од младинската школа на Партизан, по што настапувал за српските прволигаши Младост Земун и Дунав, додека минатата сезона беше дел од АБА2-лигашот Борац Бања Лука, во чиј дрес имаше просек од 14,2 поени и 6,1 скок.
Српски-хрватскиот тандем со ова им се приклучи на браќата Дамјан и Војдан Стојановски, Андреј Андоноски, Марко Миловановиќ и Марин Петков, кои веќе го продолжија договорот со македонскиот шампион.