МЗТ Скопје Аеродром е првиот финалист во годинешното издание на АБА 2 лигата. „Штрковите“ и во вториот меч од полуфиналето славеа над сараевски Спарс, овој пат со убедливи 84-70 со што го потврдија пласманот во големото финале.
„Штрковите“ го одбранија домашниот терен и сега ќе го чекаат подобриот од дуелот меѓу Борац и Приморска, од каде ќе го чекаат противникот за дуелот кој носи враќање во АБА елитата.
Иванов со 24, Стојановски со 19 и Медфорд со 14 поени беа најдобри поединци во домашниот тим. Финалната серија е закажана за периодот од 1 до 8 април и ќе се игра на три добиени натпревари.