Фудбалскиот клуб, Црвена Ѕвезда, одржа комеморација по повод смртта на Синиша Михајловиќ кој ја загуби битката со леукемијата.
Србите се простуваат од фудбалската легенда а меѓу присутните беше и Илија Најдоски како член на златната генерација на „црвено-белите“ која во 1991 година стана европски првак. Покрај претседателот на клубот Мијаиловиќ, на комеморацијата говореа и генералниот директор Звездан Терзиќ, Драган Џајиќ, Љупко Петровиќ и Драгиша Биниќ.
Простување од Србинот кој речиси 30 години играше и работеше како тренер во Италија има и во Рим. Во Италија утре ќе биде и погребот. Деновиве колони луѓе чекаат да му се поклонат и да остават некој сувенир покрај ковчегот со телото на Михајловиќ.