Јапонскиот фудбалер Јуто Нагатомо потпиша едногодишен договор со францускиот тим Олимпик Марсеј, објавија од клубот.
Ветеранот, кој ќе наполни 34 години на 12 септември, пристигнува со бесплатен трансфер од Галатасарај. Тренерот на Марсеј, Андре Вилаш-Боаш, инсистираше на привлекување на левиот бек.
Нагатомо има играно на три Светски првенства со Јапонија и има вкупно 122 натпревари за својата земја. Пред да се пресели во Турција, тој имаше поминато седум сезони во Интер.
„Тој има искуство, долго време беше капитен. За мене Јуто е вистински лидер во соблекувалната. Зборува на многу јазици, играше на највисоко ниво. Не можевме да пропуштиме да донесеме таков фудбалер“, изјави португалскиот тренер.
Нагатомо е третото големо засилување на Марсеј ова лето по Папе Гај од Ватфорд и аргентинецот Леонардо Балерди од Борусија (Дортмунд).