Веројатно ова лето нема да има трансфер на Џајдон Санчо во Манчестер Јунајтед, бидејќи истече рокот поставен од „жолто-црнците“ за клубот од „Олд ТРафорд“.
Според ултиматумот, договорот требаше да биде комплетиран пред тимот на Лусиен Фавр да замине на претсезонските подготовки во Швајцарија. Фудбалерите на Борусија Дортмунд, вклучувајќи го и Санчо, веќе се качија во авионот на пат за Швајцарија без клубот од „Сигнал Идуна Парк“ да добијат понуда од Манчестер Јунајтед.
Двата клуба не успеаја да се договорат за цената. Борусија врши притисок за 108 милиони фунти, но „црвените ѓаволи“ велат дека сумата е нереална во пресрет на пандемиската криза.
Во исто време, од Борусија Дортмунд подготвија нов договор со подобри услови за Санчо. Сегашниот договор ќе истече за две години.