Фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане, вели дека ќе прифати евентуално поништување на сезоната во Премиер-лигата бидејќи не сака подарена титула. Неговиот тим до прекинот има фантастична предност и сосема е логично и по администартивен пат да ја добие титулата.
„Јас во моментов не се чувствувам како шампион. Сакам до трофеи да дојдам со победи на терен, а не со ‘игри на зелена маса’“ – вели црномурестиот фудбалер.
„Многу луѓе починаа, многу луѓе ги загубија најблиските. Фудбалот сега не е примарен. Можеби е најчесно да се поништи сезоната. Ако се случи тоа, наредната година ќе бидеме шампиони! – потенцираше Сенегалецот.