Повредата која ја заработи Калиду Кулибали при поразот од Парма во последното коло од Серија А е посериозна, соопштија италијанските медиуми.
Одбранбениот играч се лизна при првиот гол на гостите, па доби повреда на грбот која ќе го оддалечи од терените најмалку еден месец.
Во тој период новиот менаџер Гатузо ќе мора да игра без Кулибали, против Сасуоло, лидерот Интер, Лацио и најверојатно дуелот од Купот на Италија против Перуџа.