Наполи планира да ги откупи правата на голманот Давид Оспина од Арсенал, дури и тој да нема одиграно 30 натпревари за клубот во текот на сезоната.
Колумбиецот во моментов е со позајмица на „Сан Паоло“ , а тимот на Наполи има можност да ги искористи своите права во целост за 3,5 милиони евра. Ова би било задолжително, доколу играчот има одиграно 30 натпревари со тимот. Наполи, сепак, е многу задоволен од перформансите на Оспина од почетокот на сезоната и се подготвени да го задржат во тимот со постојан договор.
Се очекува дека во наредните недели двата клуба ќе имаат разговори по ова прашање и договорот ќе стане официјален.