Стотици навивачи на Баерн Минхен го повикаа раководството на клубот да ја врати легендата Френк Рибери, пренесуваат медиумите во Минхен.
Како што е познато, Баварците конечно мораше да се откажат од ангажманот на германскиот интернационалец Лирој Сане од Манчестер Сити затоа што овој играч заработи тешка повреда на коленото и ќе биде надвор од теренот шест месеци.
Така, во новата сезона во Баварскиот гигант ќе недостасува квалитетно крило, што ќе биде прва резерва на Кингсли Коман и Серж Гнабри кои се подложни на повреди. Рибери има 36 години и во моментов е слободен играч откако го напушти Баерн на крајот на минатата сезона, по поминати 12 години во оваа екипа.
Французинот не доби понуда од газдите на Баерн и тешко дека ќе прифати понудата да биде привремено решение. Тој е интересен за ПСВ Ајндховен, предводен од неговиот поранешен соиграч во Баерн, Марк ван Бомел. Да потсетиме дека Ван Бомел сакал да го привлече Ариен Робен, но тој донесе изненадувачка одлука да стави крај на својата кариера.