Со последниот потег за време на репрезентативнат апауза, Герет Бејл го навлече гневот на навивачите на Реал Мадрид. Тоа премногу ги налути навивачите на „кралскиот клуб“ кои на вчерашниот натпревар против Сосиедад жестоко го исвиркаа фудбалерот.
На стадионот беше забележан и еден банер кој сега се врти околу социјалните мрежи, а беше инспириран токму од знамето кое го вееше Бејл.
На банерот имаше фотографија со грбот на Реал Мадрид, а на него пишуваше: „Родриго- Вини- Лукас- Бејл. По тој редослед“.