НБА по серијата критики кон судиите сака да го автоматизира судењето на натпреварите.
Лигата објави оглас за главен технички менаџер кој ќе развива и имплементира автоматизирани опции за судење. Ќе потсетиме дека автоматизираниот систем „соколово око“ на „Sony“ беше активен во изминатата сезона во НБА за да помогне во донесувањето одлуки по спорните ситуации.
Сега НБА сака да го усоврши системот и да воведе нови опции за помош на судиите.