Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар изјави со кои играчи би сакал да игра во еден тим. Во исто време, на списокот на Нејмар се најдоа поранешни и сегашни играчи.
Според весникот „Марка“, меѓу играчите именувани од Нејмар се најдоа легендарните бразилски напаѓачи Ромарио и Роналдо, поранешниот играч од средниот ред на француската репрезентација, а сега тренер на Реал Мадрид Зинедин Зидан и напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ .
Нејмар, кој потекнува од школата на Сантош, ги брани боите на ПСЖ од 2017 година. Тој се пресели во францускиот клуб од Барселона за рекордни 222 милиони евра, кои беа предвидени во неговиот договор во вид на откупна клаузула.
Оваа сезона 28-годишниот напаѓач учествуваше на 14 натпревари од францускиот шампионат, во кои постигна 13 голови (4 од пенал) и 6 асистенции, но исто така доби и 2 жолти картони.