Од ФИФА денеска одговорија официјално на вчера објавените информации на германски “Шпигел”, кои се повикуваат на документи од “Football Leaks” дека актуелниот претседател Џани Инфантино им помогнал на ПСЖ и Манчестер Сити да го заобиколат финансискиот ферплеј, кога тој бил генерален секретар на УЕФА.
“Пред четири недели група новинари испрати стотици прашања кон ФИФА засновани на лични и внатрешни пораки и други информации стекнати (нелегално) од трети земји. И покрај фактот дека одговоривме на прашањата поставени кон нас, јасно и искрено, одредени медиуми одлучија да ги игнорираат повеќето наши одговори и да ги искриват ккако фактите, така и вистината во фокусиран обид да се дискредитира ФИФА и да се измамат нивните читатели. Тоа е јасно. Некои медиуми по се изгледа имаат само една главна цел: обид да се го поткопува новото раководство на ФИФА и особено претседателот Џани Инфантино“, се вели во соопштението.