Шпанската фудбалска Ла Лига презакажа четири натпревари во двете фудбалски дивизии. Сето ова е поради спорот кој го имаат за неиграње на натпревари во петок и понеделник.
Како резултат на тоа, Гетафе и Осасуна ќе го играат својот натпревар во сабота, а Бетис и Ваљадолид наместо во понеделник ќе играат во недела.
Одлуката влијаеше и на средбите од второлигашката конкуренција, па така Кастелон – Малага и Картагена – Спортинг Хихон ќе играат во сабота, односно недела. Од Федерацијата и Ла Лига ги прекина натпреварите во петок и понеделник поради одлука на судот за емитување на некои реклами во работните денови.
„Ние сме принудени да ги носиме овие одлуки, но се надеваме дека наскоро ќе се најде компромис. Ова сериозно им штети на Ла Лига, клубовите и сите вклучени страни”, се вели во соопштението.