Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, ја критикуваше работата на тренерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг.
„Се сомневам дека Сер Џим Ретклиф и Дејв Брејлсфорд, знаат дали Ерик Тен Хег ќе биде менаџер следната сезона. Не ми се верува дека ќе чекаат до мај за да ја донесат оваа одлука и потоа да се најдат во ќорсокак“ – вели Невил.
„Без разлика дали сте навивач или не, никој не знае што се обидува да направи клубот секоја недела и тоа е проблем“ – изјави Невил.