Гери Невил кој се вбројува меѓу легендите на Манчестер Јунајтед, вели дека ја знае главната амбиција на Кристијано Роналдо пред да ја заврши кариерата. Двајцата во еден период ја делеа соблекувалната на стадионот – „Олд Трафорд“. Невил потенцира дека Португалецот кој сега ги брани боите на Јувентус, има намера да го надмине легендарниот Пеле кој е лидер на листата на стрелците гледано во историјата.
„Сака да биде најголем на сите времиња и тоа е неговата мисија, затоа и клубовите во кои игра мора да бидат фаворити за трофеи„ – изјавил Невил.
Пеле има дадено 619 голови за Сантош, 31 за Њујорк Космос и 77 за селекцијата на „кариоките“ или вкупно 727. Роналдо има дадено 99 голови за Португалија, за Реал Мадрид 311, за Манчестер Јунајтед 84, за Спортинг 3 и за Јувентус 42. или вкупно 539 голови.