Бобан Николов, нашиот стандарден репрезентативец вели дека подготвени ќе го дочекаме првиот дуел со Ерменија на стартот од новиот циклус во Лигата на нации. Нашите репрезентативци напорно тренираат во Скопје, очекувајќи го дуелот во сабота.
„Мислам дека ќе бидеме подготвени. Оваа група на фудбалери е заедно 3-4 години, имаме време до сабота. Одиме на победа, но се треба да покажеме на терен. Фаворити сме во групата, но тоа треба да се потврди. Поминавме тежок период, сега не чека меч во 15 часот кога ќе биде пекол, но мора да издржиме. Секако ни недостасува публиката, ќе играме пред празни трибини, но ќе направиме се што е до нас да победиме“, вели Николов.