Напаѓачот на Реал Мадрид, Еден Азар може да се пресели во Њукасл Јунајтед во текот на зимскиот преоден рок, објави „АС“.
Според изворот, Реал Мадрид веќе го ставил Азар на трансфер листа. Клубот од Мадрид е подготвен да го анализира секој предлог кој ќе дојде играчот. Њукасл е клуб кој планира големи инвестиции во играчи, па затоа и може да бидат заинтересирани за Белгиецот.
Реал планира да се ослободи од играчот на лето, но доколку англискиот клуб дојде со значителна сума во зима, од Реал дефинитивно ќе ја разгледа оваа понуда. Исто така, се истакнува дека Азар сега има споредна улога во мадридскиот клуб поради неговите постојани повреди и неимпресивните настапи.
Еден Азар дојде во Реал Мадрид од Челзи, а претходно британските медиуми тврдеа дека лондончани се заинтересирани за враќање на играчот. Белгиецот во тековната сезона одигра 10 натпревари за клубот од Мадрид, на кои не постигна голови, но имаше само една асистенција.