Њукасл ќе се обиде да го ангажира играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Скот Мектоминај.
Од Њукасл веќе разговарале со Манчестер Јунајтед за можноста да договорат трансфер за шкотскиот репрезентативец во јануари, објави „Атлетик“.
Јунајтед не сака да го продаде Мектоминај во зима, а главниот тренер Ерик тен Хаг го смета за вреден играч. Њукасл ќе се врати на оваа опција на лето.
Наводно Манчестер Јунајтед воопшто не сака да продава играчи во овој преоден рок, бидејќи ќе остане малку време за ангажман на нови играчи кои ќе ги заменат играчите кои заминуваат. Манчестер Јунајтед е на четвртото место со 39 бодови. Њукасл е трет во Премиер лигата. Тимот по 20 натпревари освои 39 поени.