Њукасл испрати понуда од 24 милиони фунти за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Марко Асенсио.
Репрезентативецот на Шпанија е речиси сигурно дека ќе го напушти кралскиот клуб ова лето, а се шпекулира дека тој е во плановите на Арсенал. Сепак, Њукасл со конкретна акција се обидува да го надмудри Арсенал.
Сепак, според весникот „The Sun“, понудата на Њукасл е за шест милиони фунти помалку од цената што Реал Мадрид ја определи за 26-годишниот играч за врска. Актуелниот договор на Асенсио истекува за помалку од 12 месеци, откако одби да го потпише неговиот предложен нов договор.
Според други извори, всушност, Реал воопшто не му понудил нов договор на играчот од средниот ред. Марко Асенсио денеска почна да тренира со Реал Мадрид.