Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, по вчерашната сигурна победа од 5-0 на теренот на австрискиот Ласк Линц во првиот меч од елиминациите во Лига Европа, истакна дека Пол Погба ќе остане во клубот.
Деновиве се појавија информации дека францускиот интернационалец кој упорно инсистираше да си замине од клубот сега го променил мислењето и има намера да остане во редовите на „црвените ѓаволи“.
„Пол е наш играч. Тој има уште две години од неговиот договор, плус има опција зауште една“ –изјавил Солскјер.