Голгетерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, веројатно ќе се појави од првата минута на денешното гостување кај Брентфорд во натпревар од Премиер лигата, велат последните информации од Островот.
Интернационалецот од Норвешка се повреди на мечот со Астон Вила одигран во почетокот на изминатиот декември и мораше да паузира подолг период.
Првиот напаѓач на „граѓаните“ и играчот на Ливерпул, Мохамед Салах, го делат првото место на листата на стрелците во Англија. Двајцата имаат постигнато по 14 голови.