Кристијано Роналдо продолжува да воодушевува со своите достигнувања. Синоќа Португалецот со двата гола во ремито на „бјанконерите“ како гости кај Рома стана првиот играч во историјата кој може да се пофали со 450 погодоци во петте најсилни национални првенства во Европа.
Роналдо го достигна ова ниво по одиграни вкупно 554 натпревари. Тој има 55 голови за Јуве во Серија А, 311 за Реал Мадридво Ла Лига и 84 за Манчестер Јунајтед во Премиер лигата. Неговите 5 гола со Спортинг (Лисабон) во португалската Примера лига остануваат надвор од статистиката.
Многу близу до CR7 е Лионел Меси. Аргентинецот за Барселона постигна 445 гола на 486 првенствени натпревари. Сепак, Меси има повеќе асистенции – 183 наспроти 139 на Роналдо.