Холандската олимпијка во скејтборд, Кенди Јакобс, објави на „Инстаграм“ дека ќе мора да ги пропушти Олимписките игри во Јапонија поради позитивниот тест за корона-вирус.
„За жал, моето олимписко патување завршува тука. Се чувствувам здраво и дадов сè од мене за да спречам такво сценарио, ги презедов сите мерки на претпазливост“ – напиша Jакобс.
Таа е петата спортистка од Олимпиското село што има позитивен тест. Претходно на списокот влегоа: чешкиот одбојкар на плажа, Андреј Перушиќ, двајца јужноафрикански фудбалери, Табисо Мониане и Камолехо Малхаци како и таеквондо натпреварувачката од Чиле, Фернанда Агире.