Најскапата инвестиција во историјата на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс ќе го пропушти гостувањето кај Валенсија кое е во петок, објави утринава клубот.
Португалскиот репрезентативец имаше повреда на мускулот што не му дозволи да игра на дербито со Реал Мадрид (0:1), како и на средбата со Гранада (1:0), но сега болки во грлото и крајниците. Напаѓачот ќе одмори барем неколку дена до неговото целосно закрепнување. Атлетико се надева дека Феликс ќе биде во составот за првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Ливерпул на 18 февруари.
Сепак, Алваро Мората и Диего Коста се поблиску да се вратат во игра и можеби ќе бидат подготвени за дуелот со актуелниот освојувач на ЛШ. За оваа средба дефинитивно ќе го нема Кирон Трипиер.