Поради настапите на нашите екипи во квалификациите за Лига Европа, натпреварите од 4.коло во ПМФЛ ќе се ииграат во сабота, недела и понеделник. Два натпревари ќе се играат во понеделник, три ќе се играат во сабота, додека еден меч во недела.
Што се однесува до второлигашките натпревари, сите се играат во недела, освен Тетекс и Брегалница кои своите мечеви ќе ги играат во сабота, Брегалница против Плачковица ќе игра во вечерен термин од 19 часот.
ПМФЛ, 4 коло
Сабота (29.08.2020):
Академија Пандев – Струга ТЛ
Работнички – Вардар
Македонија ЃП – Беласица
Недела (30.08.2020):
Шкупи – Пелистер
Понеделник (31.08.2020):
Шкендија – Борец
Силекс – Ренова.
Сите натпревари почнуваат во 16:30 часот.