Нешто интересно се случи синоќа по завршувањето на натпреварот меѓу Манчестер Сити и Ливерпул, големото дерби на 21 коло од Англиската Премиер лига, победенија „граѓаните” со 2:1.
По последниот сигнал на главниот судија, повредениот дефанзивец од екипата на Манлестер Сити Бенџамин Менди влезе на теренот на стадионот „Етихад“ за да им честита на своите соиграчи за оваа голема победа.
Францускиот интернационалец носел обична облека на која немало никакви клубски обележја. Ова придонесе еден од стјуардите да помисли дека Менди е навивач на Манчестер Сити, и се упати кон него да го врати на трибината. Но, отккао дошол до него, забележал дека е фудбалер на неговата екипа и застанал навреме.
Победата за Манчестер Сити беше многу важна бидејќи ја намали разликата меѓу Ливерпул и нив на 4 бода.