Вечерва во 19:30 во Апелдорн, македонскиот одбојкарски шампион Струмица Никоб ќе го одигра првиот историски меч во Лигата на шампионите на ЦЕВ. Струмичани се македонската одбојкарска гордост во Европа оваа сезона, затоа што ќе бидат единствениот клуб кој се пријави за настап во европските купови.
Динамо Апелдорн е актуелен шампион на Холандија, а ќе има и голема предмноста што Струмица не можеше да смета на руските интернационалнци за овој прв натпревар, бидејќи истите не добија визи за влез во земјата.
Натпреварот започнува во 19.30 часот. Реваншот е следната недела во Скопје.